Регионална работилница за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан
- Регионална работилница „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на „Аналитика Тинк Тенк“.
Скопје, 2 октомври 2025 (МИА) - Регионална работилница „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на „Аналитика Тинк Тенк“.
-Настанот ќе собере претставници од медиумите, истражувачите, институциите и меѓународните организации со цел да се поттикне посилна соработка и да се истакне важноста на мерките за контрола на тутунот засновани на докази, во согласност со приоритетите за интеграција во ЕУ, соопшти Аналитика тинк тенк - организатор на настанот со поддршка од Johns Hopkins University и Bloomberg Philanthropies.
На работилницата ќе се обратат Бојана Мијовиќ-Христовска, извршна директорка на Аналитика тинк тенк, министерката за образование и наука Весна Јаневска, Марија Андоновска - директорка на Институтот за јавно здравје и Џефри Дроп од Универзитетот „Џонс Хопкинс“.хс/са/
Фото: МИА архива