• понеделник, 22 април 2024

Работилница „Подготовка за изработка на нацрт Просторен план на Република Северна Македонија 2021-2040“

Работилница „Подготовка за изработка на нацрт Просторен план на Република Северна Македонија 2021-2040“

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Во организација на Агенцијата за планирање на просторот со поддршка од Градежниот факултет, денеска во Скопје ќе се одржи вториот ден од работилницата на тема „Подготовка за изработка на нацрт Просторен план на Република Северна Македонија 2021-2040“.

Целта на работилницата е презентирање на досега изработените секторски студии, како основа за отпочнување на синтезниот процес на интегрирање на нивните плански решенија во нацрт Планот, кој како дел од фазите во изработка на Просторниот план се утврдува од Собранието на Република Северна Македонија, по претходно одобрување од Владата на РСМ.

На работилницата ќе бидат презентирани резултатите од истражувањата во 16 области кои се предмет на обработка во просторниот план и тоа: природни карактеристики, земјоделство и земјоделско земјиште,шуми и шумско земјиште, геоинформатичка платформа, структура, анализа и поддршка, климатски промени, заштита на природата, демографија, туризам, управување со води, водостопанство и хидротехничка инфраструктура, урбан развој, сообраќај и сообраќајна инфраструктура, природни и техничко-технолошки непогоди, животна средина, управување со отпад и минерални суровини.

-Присуството на сите работни тимови кои изработуваат секторски студии на оваа работилница ќе придонесе за полесно согледување на специфичните аспекти на секоја област и изнаоѓање на најсоодветни решенија за користење и заштита на просторот на државата во планскиот период, велат организаторите на работилницата. дма/са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан