• петок, 05 декември 2025

Промоција на тренинг центар, наменет за едукација за занаетчиите

Промоција на тренинг центар, наменет за едукација за занаетчиите

Куманово, 8 мај 2025 (МИА) - Занаетчиската комора на Република Северна Македонија денеска во реновираните простории на месната заедница во општина Гази Баба ќе го промовира тренинг центарот, наменет за едукација за занаетчиите.

Како што информираа од ЗКРСМ, тренинг центарот е појдовна точка за јакнење на занаетчискиот сектор, простор каде што ќе се одвива практична едукација наменета за млади лица и жени од локалната средина.

На настанот ќе се обратат градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.

На промоцијата на тренинг центарот ќе присуствуваат и претставници од релевантните министерства и институции кои даваат поддршка за развој на занаетчиството и образовните програми. ам/сст/

Фото Плакат

 

     

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан