Промоција на книгата „Пејзаж на тишината“ на Маја Николовска
- На промоцијата ќе бидат изложени дела на авторката кои се застапени во книгата, како и видео презентација од поетските литературни читања на Николовска, пропратени со ликовни дела и инструментални композиции чиј автор е таа, во аранжман и изведба на пијано на Александар Китевски. Изложбата ќе ја отворат Виолета Калиќ и Душко Кралевски.

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) – Во галеријата на Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, денеска во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Пејзаж на тишината“ на Маја Николовска.
На промоцијата ќе бидат изложени дела на авторката кои се застапени во книгата, како и видео презентација од поетските литературни читања на Николовска, пропратени со ликовни дела и инструментални композиции чиј автор е таа, во аранжман и изведба на пијано на Александар Китевски. Изложбата ќе ја отворат Виолета Калиќ и Душко Кралевски. ра/са/
Фото: Виолета Калиќ