• петок, 05 декември 2025

Промоција на две поетски книги од Тихомир Јанчовски

Промоција на две поетски книги од Тихомир Јанчовски

Скопје,18 октомври 2025 (МИА) - Две книги поезија од Тихомир Јанчовски, насловени „Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“, ќе бидат промовирани денеска напладне во „Цреша бар“. 

-Збирката поезија „Пеколот е мало место“ од Тихомир Јанчовски претставува општествена критика, егзистенцијална размисла како и нуркање и истражување на човековите емоции. Секоја песна одекнува со чувство на итност и длабока интроспекција од страна на поетот, одразувајќи ја сложеноста на човековата состојба во свет полн со очај и разочарување..., наведува книжевниот критичар Душко Крстевски.

Промотор на стихозбирките ќе биде Дарко Лешоски, а стихови ќе читаат авторот Тихомир Јанчовски и Зоран Тортевски.

Тихомир Јанчовски е поет, професор, преведувач и колумнист. Завршил Општа и компаративна книжевност на УКИМ; има објавено петнаесет книги поезија, три романи, две книги за деца и една книга колумни. Поезијата му е преведена на 16 јазици и е објавувана во разни литературни списанија и во засебни книги.

Јанчовски учествувал на голем број поетски фестивали и е застапен во многу антологии на македонската и светската поезија. Како преведувач, работел на дела од светски автори, вклучувајќи класици и современи текстови. хс/ац/

Фото: корица 

 

Остани поврзан