• петок, 19 април 2024

Промотивен штанд „Јас гледам, јас разбирам“ по повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот

Промотивен штанд „Јас гледам, јас разбирам“ по повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот

Скопје, 2 април 2023 (МИА) - Здружението „Сина светулка“ денеска во Скопје по повод Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот ќе постави промотивен штанд од едукативен карактер под мотото „Јас гледам, јас разбирам“.

Штандот ќе биде поставен во Ист Гејт Мол во Скопје, а има за цел да ја промовира визуелната поддршка како средство за комуникација на и со овие лица, како и да го приближи нивниот свет до разбирањето на пошироката популација преку делење на букмаркс со визуелна поддршка, презентација на материјали за комуникација и визуелна поддршка и можност за работа со ВР, за оние кои сакаат да „влезат во чевлите“ на лицата со аутизам.

Дојдете да се дружиме, да учиме и да испратиме порака за љубов и разбирање, посочуваат од Здружението „Сина светулка“. мс/са/

фото: МИА архива/Здружение „Сина светулка“

Остани поврзан