• петок, 12 декември 2025

Прилеп домаќин на втората панел-дискусија од кампањата „Магијата е во знаењето“

Прилеп домаќин на втората панел-дискусија од кампањата „Магијата е во знаењето“

Прилеп, 26 октомври 2025 (МИА) – Во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ денеска во киното „Мис Стон“, во склоп на Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи втората панел-дискусија со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“.

На панелот ќе учествуваат министерката за образование и наука Весна Јаневска, проф. д-р Данче Сивакова Нешковски, декан на Педагошкиот факултет во Битола, како и наставници и стручни лица од основните и средните училишта во Прилеп. Своите искуства ќе ги споделат и родители, со цел да се добие поширока слика за улогата на наставниците во образовниот процес.

Првата панел-дискусија  се одржа во Скопје на 5 Октомври на Светскиот ден на учителите.

Преку ваквите настани, Министерството ја продолжува својата мисија за афирмација на наставничката професија и истакнување на нивната клучна улога во развојот на учениците. Кампањата, ако што истакнуваат од МОН, има цел да ја прикаже „магијата“ што секојдневно се случува во училниците преку доверба, разбирање и поддршка меѓу наставниците и учениците. бк/нд/

Фото: МОН

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан