Претставување проект наменет за средношколци по концептот служба за заедницата
- Ќе бидат презентирани одбраните иницијативи на средношколците, претстојните планирани активности и генералниот концепт на проектот. Организаторите ќе ги објаснет текот и целите на проектот и ќе ја истакнат важноста и потребата од Service Learning-активностите за младите и општеството.
Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Проект наменет за средношколци „YOU(th) are ALLRIGHT!“ по концептот на Service Learning (служба за заедницата) ќе биде претставен на прес-конференција денеска во просториите на Europe House.
Ќе бидат презентирани одбраните иницијативи на средношколците, претстојните планирани активности и генералниот концепт на проектот. Организаторите ќе ги објаснет текот и целите на проектот и ќе ја истакнат важноста и потребата од Service Learning-активностите за младите и општеството.
Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (Leaders for Education, Activism and Development-ЛЕАД) соопшти дека главната цел на проектот „YOU(th) are ALLRIGHT!“ е да се придонесе за суштинско учество на младите во општеството како демократско право.
-Преку проектот ќе се пилотира концептот на Service Learning во 10 средни училишта во насока на развивање лични вештини и академска надградба на средношколци преку граѓански ангажман, развој и служба во заедницата, волонтирање и други активности од ваков тип. Низ целиот процес 10 средношколски тима ќе имплементираат сопствен проект во заедницата, соопшти ЛЕАД.
Појаснува дека Service Learning е едукативен пристап каде што ученикот ја поврзува теоријата и знаeњата стекнати во училишните клупи со пракса, односно конкретна активност и проект кој е наменет за влијание во општеството.
Оваа активност е дел од проектот „YOU(th) are ALLRIGHT!“, поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (МГО), програма за директна поддршка на граѓанските организации започната во рамките на проектот финансиран од ЕУ: Tехничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија. хс/аа/
Фото: ФБ Лидери за едукација, активизам и развој