• понеделник, 23 декември 2024

Премиера на современиот балет „Сага“ во НОБ

Премиера на современиот балет „Сага“ во НОБ

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Во Националната опера и балет ќе се одржи премиера на најновата балетска продукција „Сага“, во кореографија на Рисима Рисимкин. „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина.

Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на музиката на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Бобан Ковачевски и гостинот Балаж Лочеи (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицев, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска.

Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески.

-Ме радува моментот на соединување со ансамблот на Националниот балет, по подолг период и се радувам на можноста на заедничката креација со извонредните солисти и ансамблот, кои беа реална инспирација за создавање на „Сага”, вели кореографката Рисимкин.бт/са/

ФОТО/ НОБ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан