Премиера на претставата „Бели ноќи“ во МНТ
- Во Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе биде прикажана претставата „Бели ноќи“, според делото на Ф.М.Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Во Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе биде прикажана претставата „Бели ноќи“, според делото на Ф.М.Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.
Во оваа копродукција играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трјческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.
Како што најавија од МНТ, првата реприза е закажана на 18 октомври.бт/са/
Фото: НУ Македонски народен театар