• петок, 22 ноември 2024

Презентација на резултатите од Проектот за конзервација на фреските во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново

Презентација на резултатите од Проектот за конзервација на фреските во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново

Скопје, 5 јуни 2023 (МИА) - Во црквата „Св. Ѓорѓи“ во село Курбиново денеска ќе бидат презентирани резултатите од соработката меѓу Заводот и музеј – Битола и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун на Проектот за конзервација на ѕидното сликарство на црквата.

Како што соопштија од Министерството за култура, на средбата ќе присуствуваат ресорната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, како и директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, со тимот конзерватори и архитекти, и директорката на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун, д-р Флора Карајани, со својот стручен тим.

На средбата ќе бидат презентирани детални стручни информации за оваа важна фаза во долготрајната заштита на овој вреден споменик на културата од византискиот период, наведуваат од Министерството за култура.

Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново е споменик на културата заштитен со закон. Изградена е во 1191 година (XII век), а со фреските кои се сметаат за едни од најубавите, најоригиналните и во целост најдобро сочувани фрески од тој период, таа е вклучена во ризницата на светските вредности. вг/са/

 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан