• среда, 18 декември 2024

Потпишување на грант меѓу ЕБОР и АД ЕСМ за изградба на фотонапонски електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“

Потпишување на грант меѓу ЕБОР и АД ЕСМ за изградба на фотонапонски електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“

Скопје, 18 декември 2024 (МИА) – Под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, денеска, ќе биде потпишан договор за грант меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и АД ЕСМ, за изградба на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“, соопштуваат од Министерството.

На настанот обраќања ќе имаат министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, амбасадорот на Европската унија Михаил Рокас, претставникот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев, како и раководителката на секторот за координација на ЕУ фондови и друга странска помош при Министерството за европски прашања, Евгенија Кирковска.

Со грантот вреден речиси пет милиони евра, овозможен од ЕБОР, започнува реализацијата на два значајни проекти кои ќе придонесат за енергетската транзиција на земјава. ра/са/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан