• недела, 08 декември 2024

„Поетот и градот“ со Влада Урошевиќ - осумдесет години слободно Скопје

„Поетот и градот“ со Влада Урошевиќ - осумдесет години слободно Скопје

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Културно-информативниот центар денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со настанот „Поетот и градот“. Настанот ќе се одржи во салонот Империјал 2 со почеток во 12 часот. 

Како што соопштуваат од КИЦ, главен гостин на настанот ќе биде академик Влада Урошевиќ, минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика.

Оваа година се одбележуваат и 90 години од неговото раѓање и 65 години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Еден друг град“.

На настанот ќе учествуваат и Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, кои ќе разговараат со Урошевиќ за неговата поезија и врската со Скопје. Присутните ќе имаат можност да слушнат за различните периоди на Скопје, како и за личните сеќавања и согледби на Урошевиќ за градот и неговото творештво. ар/нд/

Фото: КИЦ

 

Остани поврзан