• сабота, 26 април 2025

Перински на презентација на активностите за Регионалниот центар за рехабилитација на деца кои се излекувани од канцер во селото Кучково

Перински на презентација на активностите за Регионалниот центар за рехабилитација на деца кои се излекувани од канцер во селото Кучково

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ќе присуствува на презентацијата на реализираните активности за реконструкција на објект на основно училиште и негова преадаптација во Регионален центар за рехабилитација на деца кои се излекувани од канцер во во селото Кучково во Општина Ѓорче Петров.

Како што информираат од Министерството, реконструкцијата е во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза 2, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.

На презентацијата освен Перински, како што најавуваат од Министерството, ќе присуствуваат и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и в.д директорот на Центар за развој на Скопски плански регион, Розета Арсовска.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан