• вторник, 19 ноември 2024

Трибина „Македонски труд - Европска социјална политика" во рамки на кампањата „Ние сме Европа“

Трибина „Македонски труд - Европска социјална политика

Скопје, 1 септември 2023 (МИА) - Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, организирана од Секретаријатот за европски прашања, денеска во Струмица ќе се одржи отворена трибина „Македонски труд - Европска социјална политика". 

Настанот е дел од информативниот караван организиран од СЕП, под мотото „Саем на европски вредности“, а во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите што ги нуди членството во ЕУ.

Првата трибина, со која и официјално започна кампањата „Ние сме Европа“, се одржа завчера во Скопје, на тема „ЕУ за македонската економија", а свое обраќање имаше премиерот Димитар Ковачевски. 

Кампањата „Ние сме Европа“ ќе се реализира во осум градови низ државата и покрај Скопје и Струмица ќе бидат посетени и Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово и Штип. Темите што ќе бидат опфатени се економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика. вг/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан