• недела, 24 ноември 2024

Трет „РЕДИ Самит 2024“

Трет „РЕДИ Самит 2024“

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе биде официјално отворен  тетото издание на „РЕДИ Самит 2024“, со поддршка од ЕУ.

На официјалното отворање на самитот ќе се обратат со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски. 

Ова трето издание на Самитот РЕДИ служи како витална платформа за дијалог, соработка и размена на знаења меѓу владините претставници, експертите, креаторите на политиките, бизнис лидерите, претставниците на граѓанското општество и студентите. Годинашниот самит, на тема „Инклузија на Ромите во зелени и дигитални иновации и еднаквост во управување со животната средина“, ќе ги истражува иновативните стратегии, политики и партнерства за поттикнување на инклузивен раст и социоекономско зајакнување во маргинализираните заедници.

Во рамки на самитот ќе бидат организирани панел-дискусии во кои учествуваат истакнати лидери и експерти од покриените области. Ќе се одржат и сесии за отклучување можности за ромско претприемништво, промовирање инклузивен раст и премостување на празнините во транзицијата кон одржлива зелена енергија.

-Длабинско истражување на можностите и предизвиците во зелената и дигиталната револуција за маргинализираните и ромските заедници. Можности за вмрежување и саем за претприемништво на кој ќе учествуваат ромски претприемачи од државата и регионот, соопштуваат од „РЕДИ Самит 2024“.фф/са/

Фото: Фејсбук „РЕДИ Самит 2024“

Остани поврзан