• сабота, 06 јули 2024

Отворање на Вардар иновациски хаб во Велес

Отворање на Вардар иновациски хаб во Велес

Скопје, 11 септември 2023 (МИА) - Во Велес денеска ќе се одржи промотивен настан по повод отворањето на Вардар иновациски хаб. Хабот ќе го отвори Центарот за развој на Вардарски плански регион во рамки на проектот INNO-ECOSYSTEM.

Проектот INNO-ECOSYSTEM е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Грција и Република Македонија. Го спроведуваат три партнери од двете соседни земји: Асоцијација на компании за информатичка технологија на Северна Грција (SEPVE) - Грција Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА ПЛУС - Република Македонија Центар за развој на Вардарски плански регион - Република Македонија. 

Проектот има за цел да ги надгради капитализираните резултати од проектот EMPLOYOUTH со нов иновативен екосистем за поддршка за вработување на ИТ млади таленти како што се: корпоративни иновации, услуги за соработка и заеднички живот и трансфер на транснационални искуства, како и да ја зајакне културата водена од иновациите во прекуграничната област преку практикување нови алатки кои водат до вработување на младите: 1) вмрежување на корпоративни стартапи и 2) хакатон настани кои привлекуваат ИТ млади таленти да работат на решавање на проблемот додека се менторирани и обучени. и 3) размена на искуства преку технолошки форуми. мч/ев/

фото: МИА архива

Остани поврзан