Одбележување „25 години Македонски нотаријат”
- Нотарската комора на Република Северна Македонија денеска ќе одржи свечена седница по повод свечено одбележување „25 години Македонски нотаријат”.

Скопје, 10 јуни 2023 (МИА) - Нотарската комора на Република Северна Македонија денеска ќе одржи свечена седница по повод свечено одбележување „25 години Македонски нотаријат”.
На свечното одбележување се поканети претставници од позначајни институции и правосудни органи, претставници од балканските нотаријати, сите нотари. Како што е најавено, на седницата ќе се обратат претседателот на Нотарската комора, Методија Ристоски и министерот за правда Кренар Лога. цр/лв/
Фото:МИА