• недела, 22 декември 2024

Одбележување на Светски ден за безбедност и здравје при работа

Одбележување на Светски ден за безбедност и здравје при работа

Скопје, 28 април 2024 (МИА) - Македонското здружение за заштита при работа денеска, по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, со поддршка на Општина Аеродром, компаниите Кнауф Радика АД од Дебар, Комфи Ангел од Прилеп и социјалниот партнер Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, во паркот на улицата „Пандил Шишков“ во општина Аеродром, ќе засади 15 дрвца, во чест на исто толку загинатите работници на работното место во текот на 2023 година во земјава.

-Податоците за 2023 година потврдуваат дека се гине на работните места! Во нивна чест и сеќавање, на 28 април, го започнавме проектот за создавање на најмалиот парк на светот, во кој ги посадивме фиданките од дрвцата во спомен на загинатите работници во текот на претходната календарска година, велат од Македонското здружение за заштита при работа.

Секоја година на 28 април се одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, кој е воедно е и Меѓународен ден на комеморација и споменување на сите работници кои своите животи ги изгубија поради повреди на работа и професионални болести. Во фокусот на годинашното одбележување е влијанието на климатските промени врз работните места и потребата за градење на посоодветни системи за безбедност и здравје при работа за заштита на здравјето на работниците.вј/ев/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан