• недела, 19 мај 2024

Николовски на средби со земјоделци од Виница

Николовски на средби со земјоделци од Виница

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски денеска ќе биде во работна посета на општина Виница.

Во рамки на планираните активности, како што соопшти МЗШВ, Николовски во селото Блатец, општина Виница ќе го посети Наум Тренчевски, мал производител на храна добитник на грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство.

Николовски ќе посети и мали производители на вино, добитници на грант за поддршка на малите винарии, а ќе има средби со земјоделци и сточари од Виница. дма/са/

Фото :МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан