• сабота, 23 ноември 2024

Надзорна расправа за примената на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени

Надзорна расправа за примената на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени

Скопје, 3 февруари 2023 (МИА) - Комисијата за политички систем и односи меѓy заедниците денеска организира надзорна расправа за примената на законските одредби од Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.

Од надзорната расправа треба да се добијат одговори за тоа колку е успешна имплементацијата на законот, имајќи ги предвид и направените измени и дополнувања на законот, кои се придобивките од овој закон, со какви се потешкотии се соочуваат нерегистрираните лица во матичната евиденција, какво е мислењето и искуството на имателите на специфичниот (доделен посебен) матичен број.

Комисијата ќе покани соодветни засегнати министерства, граѓански експерти, соодветни раководители на сектори од институциите кои имаат надзор и надлежност за оваа проблематика. ев/мд/

Остани поврзан