• петок, 05 декември 2025

Министерот Алиу ќе ја посети Клиничка болница во Тетово

Министерот Алиу ќе ја посети Клиничка болница во Тетово

Скопје, 22 јули 2025 (МИА) - Министерот за здравство Азир Алиу денеска ќе ја посети Клиничката болница во Тетово.

Во оваа болница 155 медицински сестри, лекари и друг персонал ќе добијат договори  за вработување на неопределено време, најави вчера на прес-конференција министерот Алиу.

Со ова, како што рече, ќе заврши агонијата на 155 лица од кои некои од нив со години работат во институцијата без решен статус. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан