• сабота, 06 декември 2025

Меѓународна научна конференција „Книжевни проекци 2025: Година на значајни јубилеи“

Меѓународна научна конференција „Книжевни проекци 2025: Година на значајни јубилеи“

Скопје, 25 септември 2025 (МИА) - Во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре ќе се одржува Меѓународна научна конференција „Книжевни проекци 2025: Година на значајни јубилеи“. 
 
Според програмата, на отвoрањето на конференцијата ќе се обратат министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Институтот за македонска литература Наташа Аврамовска. 

Свеченото отвoрање на конференцијата ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, а работата по сесии ќе продолжи да се одвива во салата за седници на Институтот за македонска литература во двата работни дена. 

На  Меѓународната научна конференција, покрај професори од земјава, ќе учествуваат и научни работници од Ниш, Осиек, Загреб, Москва, Љубљана, Приштина...мд/са/

Фото: Плакат

 

 


 
 

Остани поврзан