Македонското библиско здружение ќе одбележи 30 години постоење
- Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска напладне ќе се одржи пригодна свеченост по повод 30 години од дејноста на Македонското библиско здружение.

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска напладне ќе се одржи пригодна свеченост по повод 30 години од дејноста на Македонското библиско здружение.
-Преведувањето, печатењето и дистрибуирањето на Библијата се главните активностите на Македонското библиско здружение, со цел да се овозможи Светото писмо да биде достапно на разбирлив – македонски јазик и, воедно, да им помогне на луѓето да ја разберат важноста на библиската порака во нивниот живот, соопшти здружението.
На одбележувањето на годишнината ќе биде промовиран и новиот превод на Новиот завет и на Псалмите. хс/са/
Фото: ФБ Македонско библиско здружение