• недела, 22 декември 2024

Концерт на пијано дуото Трајческа – Немеш Дулар во Скопје

Концерт на пијано дуото Трајческа – Немеш Дулар во Скопје

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Во Пијано центарот во Скопје вечер концерт ќе одржи дуото Јасмина Трајческа од Северна Македонија и Ловорка Немеш Дулар од Словенија, соопштија од Сојуз на композиторите на Македонија – СОКОМ.

Концертот е во рамки на втората сезона на 47. „Денови на македонска музика“, кој со есенското издание ја продолжува концертната традиција.

-На концертот ќе бидат изведени дела за две пијана од реномираните македонски композитори Томислав Зографски (1934–2000) и Стојче Тошевски (1944–2008), со што ќе бидат одбележани два значајни јубилеја: 90 години од раѓањето на Зографски и 80 години од раѓањето на Тошевски. Покрај македонските творби, програмата вклучува и дело на словенечкиот композитор Јанез Матичич (1926–2022), се наведува во соопштението.

Влезот на концертот на Пијано дуото Трајческа – Немеш Дулар на „Деновите на македонска музика“, е слободен.

Концертот ќе го слави богатото музичко творештво на двете држави преку длабоки и впечатливи изведби, кои ќе понудат свеж поглед на делата на овие истакнати композитори. дма/ев/

Фото:Плакат

Остани поврзан