Конференција „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“
- Конференција „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, ќе се одржи денеска во Скопје.
Скопје, 16 мај 2023 (МИА) - Конференција „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, ќе се одржи денеска во Скопје.
На конференцијата, како што соопштија организаторите, ќе се опфатат општествено-политичките аспекти на односите меѓу заедниците, мултикултурализмот и европските вредности. Настанот се одржува и во контекст на Светскиот ден на различностите, 21 мај.
-Конференцијата ќе ја отвори претседателот на државата Стево Пендаровски, а клучни говорници ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, националниот координатор за мултикултурализам Роберт Алаѓозовски, пратеничката Санела Шкријељ, почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург Петар Арсовски, најавуваат од ЦИВИЛ.
Со свои говори, како што додаваат, ќе се претстават и четири градоначалници Билал Касами, Максим Димитриевски, Арбен Таравари и Висар Ганиу.
-Меѓу речиси 20 говорници се и низа претставнички и претставници на експертската и академската заедница, граѓанското општество и медиумите. Ќе говорат: заменик директорот на АОПЗ, Џелал Хоџиќ, универзитетската професорка Ана Чупеска, Зоран Иванов, Љубиша Николовски, Петрит Сарачини, како и ЦИВИЛ-ите Биљана Јордановска, Дехран Муратов, Драган Мишев и Џабир Дерала. Модераторка на настанот е Дијана Тахири, се вели во соопштението.
Конференцијата е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“ посветен на промоцијата на мултикултурализмот и европските вредности што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург. мс/са/