• недела, 06 октомври 2024

Конференција: „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“

Конференција: „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. заедно со иницијативата ПЕРИОД.Скопје денеска ја организираат конференција „Кршење на табуата: Менструална правда за сите!“.

Како што информираат од Здружението Тиииит! Инк., целта на оваа конференција е да поттикне промени во јавните политики кои би довеле до системски решенија и создавање на функционални механизми и мерки во врска со менструирањето како дел од напорите за подобрување на сексуалното и репродуктивно здравје, а следејќи ги насоките на Светската здравствена организација и препораките од ООН Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација на жените. Воедно, со конференцијата се обележува Меѓународниот ден за менструална хигиена. 

-Од истражувањето „Менструална правда: проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките“ публикувано во 2021 година до денес, нотирани се придвижувањата во рамки на дел од надлежните институции, затоа оваа конференција е повод да ни даде заеднички простор за разговор околу постојните предизвици и како можат да се надминат за да се дојде до конкретни резултати кон конечно искоренување на менструалната сиромаштија и доаѓање поблиску до состојба на менструална правда, посочуваат од  Здружението Тиииит! Инк.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на граѓански здруженија, членки на Парламентот  и други државни институции.фф/лв/

Фото: Фејсбук на Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан