• сабота, 23 ноември 2024

Комисиска расправа во Собранието за напредокот за родовите прашања

Комисиска расправа во Собранието за напредокот за родовите прашања

Скопје, 7 март 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе расправа за Информацијата за напредокот за родовите прашања во последните две децении во Република Северна Македонија.

Во владината Информацијата испратена до Собранието нотирани се значајни позитивни промени за родовата еднаквост во земјава во последните 20 години.

-Овие подобрувања, сепак, во голема мера се фокусираа на законските промени и развојот на националните клучни структури за родова еднаквост кои се реализираа во процесите за пристапување кон Европската Унија. Во таа смисла, Владата на Република Северна Македонија, насочено работеше во изминатиот период и на полето на родовата еднаквост свесна дека вистинската демократизација на земјата не е можна без целосно и непречено вклучување на мажите и жените во сите општествени текови. Донесена е законска регулатива со која се забранува дискриминација на жените. Усвоени се и спроведени програми и мерки кои го промовираат спроведувањето на суштинската родова еднаквост во сите области и реализирани се активности за подигнување на свеста и елиминирање на бариерите за родова еднаквост, се вели во Информацијата објавена на собранискиот веб сајт.

Се посочува дека и покрај напредокот во промовирањето на родовата еднаквост и зајакнувањето на жените, целосно спроведување на законодавството претставуваше вистински предизвик.  Како главни идентификувани  пречки се ниската свест за прашањата поврзани со родовата еднаквост, родовите предрасуди, родовите стереотипи, предрасудите и ограничувачкиот начин на размислување, ставовите, вредностите, верувањата и перцепциите.

-Притоа, Владата признава дека процесот на менување на ставовите, однесувањата и родовите стереотипи во полза на родовата еднаквост претставува долгорочен, но напор од суштинско значење. Идентификувани се и институционални предизвици, како што се недоволната комуникација, координацијата и капацитетот што го попречуваат вклучувањето на родовите прашања во државниот сектор, недоволните технички и финансиски ресурси особено за националната родова машинерија, и помалку ефикасно следење и евалуација на иницијативите. Таквите ограничувања се сметаат како пречки за економски, ефикасни, ефективни и правични средства за постигнување и одговорност за родова еднаквост и затоа, Владата има намера да им се посвети во наредниот период, се посочува во Информацијата за напредокот за родовите прашања во последните две децении во Република Северна Македонија.фф/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан