• четврток, 26 март 2026

Канадска „Магна“ почнува со изградба на фабрика во Штип

Канадска „Магна“ почнува со изградба на фабрика во Штип

Скопје, 11 мај 2023 (МИА) - Во Штип денеска ќе биде означен почетокот на градежните работи за инвестицискиот проект на компанијата „Магна Мехатроникс“ во Технолошко индустриската развојна зона - Штип.

На настанот најавено е обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“ Дејвид Креспи, како и на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Инвестицијата е во вредност од 40 милиони евра и според најавите првично ќе се вработат 600 лица.

Во фабриката ќе се произведуваат електро-механички делови за автомобили. 

Канадската комппанија „Магна Интернешнал“ веќе има отворено објект во Струга за креирање и склопување на ретровизори. лв/бак/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан