Институтот за македонски јазик ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
- На настанот организиран по тој повод најавени се обраќања на директорката на Институтот Елена Јованова-Грујовска, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и на ректорот на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски.

Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
На настанот организиран по тој повод најавени се обраќања на директорката на Институтот Елена Јованова-Грујовска, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и на ректорот на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски.
Во рамки на настанот ќе има дел посветен на Крсте Мисирков и на поезијата на Ацо Шопов. бак/вг/