Изложба „Љубовници во пандемија 2“ на Јана Манева-Чупоска во Прага
- Македонската уметница Јана Манева-Чупоска ќе се претстави со изложбата „Љубовници во пандемија 2“ во Македонската амбасада во Прага, Република Чешка.
Скопје, 30 октомври 2025 (МИА) - Македонската уметница Јана Манева-Чупоска ќе се претстави со изложбата „Љубовници во пандемија 2“ во Македонската амбасада во Прага, Република Чешка.
Изложбата опфаќа четириесеттина цртежи, создадени во повеќе циклуси, инспирирани од човекот и неговите вредности. Авторката преку своето дело ја истакнува идејата дека денес се занемаруваат човечките вредности на глобално ниво.
Проектот е финансиран од Министерството за култура како дел од програмата за Национален интерес за 2026 година.ар/са/
Фото:Постер