• недела, 22 декември 2024

Изведба на балетската претстава „Жизел“ во НОБ

Изведба на балетската претстава „Жизел“ во НОБ

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - Романтичниот балет во два чина „Жизел“ од Адолф Адам вечер ќе биде изведе на сцената на Националната опера и балет.

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи примабалерината, Мими Поп Алексова Атанасовска, во улогата на Алберт ќе настапи Франциско Хименез Руиз (Шпанија), во улогата на Мирта - Илијана Данилов, а во улогата на Хиларион - Бобан Ковачевски.

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. фф/сп/

Фото: Национална опера и балет

Остани поврзан