Жителите на скопско Бојане без вода
- Од 9:00 часот денеска без вода ќе бидат корисниците од скопското село Бојане во Општина Сарај.

Скопје, 8 мај 2023 (МИА) - Од 9:00 часот денеска без вода ќе бидат корисниците од скопското село Бојане во Општина Сарај.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, прекинот е поради чистење на резервоарот во селото Бојане.
Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.фф/
Фото: МИА Архива