Дебата за ефективно известување за климатските промени и животната средина
- За ефективно известување за климатските промени и за клучните принципи на одговорното новинарство, вклучувајќи ја точноста, правичноста и транспарентноста, ќе се разговара денеска на настанот насловен „Ефикасни практики за известување за климатските промени и животната средина“ во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ)

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - За ефективно известување за климатските промени и за клучните принципи на одговорното новинарство, вклучувајќи ја точноста, правичноста и транспарентноста, ќе се разговара денеска на настанот насловен „Ефикасни практики за известување за климатските промени и животната средина“ во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ).
Присутните новинари, уредници, претставници на граѓанските организации и активисти, како што соопштија од МИМ, ќе имаат можност да дознаат како да се известува на темата за животната средина и климатските промени на различни медиумски платформи и да се запознаат со најдобрите практики во известувањето за климатски вонредни состојби, обезбедувајќи практично знаење и стратегии за ефективно раскажување приказни.
Настанот се одржува во рамки на проектот „Зајакнување на улогата на медиумите во справувањето со климатските промени“ што се спроведува преку проектот SMART Balkans – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, кој е финансиран од норвешкото Министерство за надворешни работи.
Проектот „Зајакнување на улогата на медиумите во справувањето со климатските промени“ го спроведува Новосадската школа за новинарство со поддршка на партнерските организации – Албанскиот институт за медиуми, Фондацијата Медиа центар Сараево, Црногорскиот институт за медиуми и Македонскиот институт за медиуми. цр/са/
Фото: МИА архива