• петок, 20 декември 2024

Економски форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста"

Економски форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе се обрати на панел дискусијата „Политики за рационализација на парафискалните давачки и реформи за повисока конкурентност" во рамки на Економскиот форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста", во организација на Фајнанс тинк. 

Како што најавија организаторите, воведно обраќање на панел дискусијата ќе има Џулијан Васало, заменик-шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, по што ќе се обрати и Благица Петрески, извршен директор на  Фајнанс тинк. 

На денешната панел - дискусија, како што е најавнео, ќе учествува и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во делот на дискусијата за промоција на 18 општини, дел од првата палтформа за парафискални давачки, најавнео е учество на градоначаниците, на општините Центар, Берово и Долнени, Горан Герасимовски, Звонко Пекевски и Урим Ибески.

Ќе биде промовирана и на платформа за општински податоци. цр/са/

Фото: Фајнанс тинк

 

Остани поврзан