• четврток, 26 март 2026

Државниот министер за надворешни работи на Катар во посета на Скопје

Државниот министер за надворешни работи на Катар во посета на Скопје

Скопје, 9 јули 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, ќе биде домаќин на Султан Бин Саад ал-Мураики, државен министер за надворешни работи на Државата Катар.

Како што соопшти Министерството, предвидено е Муцунски и Ал-Мураики да имаа т тет-а-тет средба по која ќе следи билатерална средба на двете делегации.

По завршување на настанот не е предвидена прес - конференција или изјави за медиумите, посочуваат од МНРиНТ. вг/бак/

Фото: МИА Архива

 

 

 

Остани поврзан