Дел од Бутел, Чучер Сандево и Илинден без струја
- Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден, соопшти РЦУК - Скопје.

Скопје, 21 јануари 2025 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден, соопшти РЦУК - Скопје.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул.„18“ броеви од 30 до 40 и ул.„Радишанска“ броеви од 40 до 70 во општина Бутел, додека во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците во селото Мирковци во општина Чучер Сандево.
Во период од 09:00 до 14:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Мршевци“ кон Бујковци во општина Илинден. фф/бак/
Фото: МИА Архива