Делови од Зелениково и Чучер Сандево без струја
- Без електрична енергија денеска од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците од местото викано Бразда во село Зелениково.

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Без електрична енергија денеска од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците од местото викано Бразда во село Зелениково.
Во периодот од 9:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Побожје, Бродец, Брест, Танушевци и Малино во Општина Чучер Сандево.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. мд/ев/
Фото: МИА архива