Дебата „Државна матура или приемен испит на факултет“
- Дебата на тема „Државна матура или приемен испит на факултет“ денеска ќе се одржи во просториите на Универзитетот ФОН.

Скопје, 17 мај 2023 (МИА) - Дебата на тема „Државна матура или приемен испит на факултет“ денеска ќе се одржи во просториите на Универзитетот ФОН.
На дебата, која е во организација на Американскиот универзитет на Европа, ќе присуствуваат поранешните министри за образование Мила Царовска и Никола Тодоров, како и продеканот за настава на ФЕИТ проф д-р Соња Геговска Зајкова, директорката на СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ Маја Салиу и генералниот секретар на Сојузот на средношколци Влатко Стојковски. свс/бак/
Фото: МИА архива