• четврток, 26 март 2026

Без вода делови од Чаир и Центар

Без вода делови од Чаир и Центар

Скопје, 16 септември 2025 (МИА) - Поради изведување водоводни приклучоци денеска без вода ќе бидат делови од Чаир и Центар.

Поради изведување водоводен приклучок Ф 250мм. на улица „Бајрам Шабани“ 7 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Бајрам Шабани“, „Челопек“, „Чаирска“, „Јајце“ и „Ордан Чопела“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

Исто така, поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на улица „Коле Неделковски“ 59 со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улиците „Коле Неделковски“ и „Киро Крстевски - Платник“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на работните активности. сст/лв/

Фото МИА архива

Остани поврзан