• петок, 22 ноември 2024

Семафорите на крстосницата меѓу булеварот „Водњанска“ и улицата „Васил Ѓоргов“ времено ќе бидат исклучени

Семафорите на крстосницата меѓу булеварот „Водњанска“ и улицата „Васил Ѓоргов“ времено ќе бидат исклучени

Скопје, 17 декември 2023 (МИА) - Јавното претпријатие „Улици и патишта“-Скопје информира дека денеска од 9 часот времено ќе бидат исклучени семафорите на крстосницата меѓу булеварот „Водњанска“ и улицата „Васил Ѓоргов“.

Од ЈП „Улици и патишта“ информираат дека нивни екипи задолжени за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе почнат со активности за преместување на семафорскиот уред.

Времениот прекин на семафорите ќе трае до завршување на активностите.

-На овој потег ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и сообраќајот ќе биде регулиран со асистенција од сообраќајната полиција, соопштуваат од јавното претпријатие. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан