Во Собранието ќе заседаваат три комисии
- Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, Законодавно правната комисија и Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.
Скопје, 24 јули 2025 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, Законодавно правната комисија и Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.
На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство е Предлог закон за изменување и дополнување на законот за рибарство и аквакултура во второ читање.
Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е амандманот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за метрологијата. нд/са/
Фото: МИА архива