• петок, 05 декември 2025

Во Охрид доделување на признанието „Инженерски прстен 2025“

Во Охрид доделување на признанието „Инженерски прстен 2025“

Скопје, 3 септември 2025 (МИА) - Во Охрид денеска на свечена церемонија ќе им биде доделено признанието „Инженерски прстен 2025“ на 14 млади инженери од различни области. 

Признанието ќе го врачи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а свеченоста ќе се одржи на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид.

Признанието им се доделува на најуспешните студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини на четирите државни универзитети. 

Манифестацијата се одржува по 22. пат, а е во организација на Инженерската институција на Македонија и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на претседателот на државата. бак/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан