• недела, 19 мај 2024

Бесплатна изведба на „Само глас“ во МНТ по повод Светскиот ден на театарот

Бесплатна изведба на „Само глас“  во МНТ по повод Светскиот ден на театарот

Скопје, 27 март 2023 (МИА) - Македонскиот народен театар соопшти дека по повод Светскиот ден на театарот - 27 Март публиката ќе има можност бесплатно да ја гледа претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак.

Во претставата играат првенците на МНТ - Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски.Пред почетокот на изведбата ќе бидат прочитани светската и националната порака по повод Светскиот ден на театарот - автор на светската порака е египетска актерка Самиха Ајуб, а автор на македонската порака годинава е  Теута Ајдини-Јегени. 

МНТ информира дека билетите за бесплатната изведба на претставата „Само глас“ треба да се подигнат  од 14 часот на билетарницата на МНТ. хс/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан