Без вода улица „Прашка“
- ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците на ул. „Прашка“, во населбата Тафталиџе 1.

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците на ул. „Прашка“, во населбата Тафталиџе 1.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради штопирање на водоводна мрежа на таа улица. ир/са/
Фото: МИА архива