Утре без вода улица „Ванчо Мицков“ во општина Карпош
- Поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улица „Ванчо Мицков“ бб во близина на „Реплек“, општина Карпош, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.
Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улица „Ванчо Мицков“ бб во близина на „Реплек“, општина Карпош, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација - Скопје, ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности. дма/
Фото: МИА архива