• недела, 12 мај 2024

Автобусите денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред

Автобусите денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред

Скопје, 10 април 2024 (МИА) - Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска на верскиот празник Рамазан Бајрам, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

-Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров, се наведува во соопштението од ЈСП Скопје.

Жичницата ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17:00 до 17:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу. дма/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан