• среда, 18 декември 2024

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за економски прашања,труд и енергетски прашања и Законодавно-правната комисија.  

На дневен ред на Комисијата се измените и дополнувањата на Законот за електронско управување и електронски услуги, на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, измените на Законот за генетски модифицирани организми, на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, на Законот за управување со отпад, на Законот за заштита од бучава во животната средина, измени и дополнувања на Законот за заштита на животната средина, измени на Законот за водите, измените на Законот за управување со пакување и отпад од пакување и на Законот за заштита на природата, сите во прво читање.

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, во второ читање е на деневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетски прашања. 

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија. ев/са/

ФОТО: МИА Архива 
 

Остани поврзан