Конференција „10 години НМСМ: Деценија на заедничко дејствување, застапување и промени за младите“
- Конференцијата „10 години НМСМ: Деценија на заедничко дејствување, застапување и промени за младите“, ќе биде одржана денеска во хотел „Александар Палас“ во Скопје, со почеток во 9:30 часот.

Скопје, 29 јуни 2023 (МИА) - Конференцијата „10 години НМСМ: Деценија на заедничко дејствување, застапување и промени за младите“, ќе се одржи денеска во Скопје.
На конференцијата, која се организира по повод 10-годишнината од постоењето на оваа невладина организација, најавено е обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски и на амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон.
Настанот ќе биде отворен со воведни обраќања на Филип Ивковски, в.д. претседател на НМСМ и Мариана Ангелова, генерален секретар на оваа невладина орханизација. ир/ев/
Фото: НМСМ