• петок, 05 декември 2025

Начевска најмлада дебитантка во историјата на македонската репрезентативна кошарка

Начевска најмлада дебитантка во историјата на македонската репрезентативна кошарка

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) – Кошаркарката на прволигашот Вардар, Ања Начевска, испиша историја на евроквалификацискиот натпревар против Белгија како најмлада македонска сениорска репрезентативка.

Родена на 24 мај 2007 година, Начевска во неделата вечер го имаше својот прв официјален натпревар за женската сениорска репрезентација во поразот од Белгија (43-102) во завршниот дуел во групата А во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2023.

На средбата со силниот противник, Начевска одигра речиси четири минути и имаше еден неуспешен обид за три поени.

Претходно минатата недела на натпреварот со БиХ во Сараево, своите први минути во сениорскиот национален тим ги имаше уште една млада кошаркарка, Милица Николиќ.

Македонската женска кошаркарска репрезентација евроквалификациите ги заврши со ефект од една победа, на гостувањето во Сараево, и пет порази во групата со БиХ, Германија и Белгија. ег/сст/

Остани поврзан